info@thelaundryroom.mk
Ви треба перење?
+389 75 30 40 08

Често Поставувани Прашања

Како се чистата моите алишта во The Laundry Room?

Дали можат сите флеки да бидат тотално отстранети?

Иако ние се трудиме најдобро што умееме, не сите флеки можат да бидат отстранети од Вашите алишта. Најбитно ни е да ни посочите од што е создадена флеката, колку време е одстоена и дали е третирана од Вас или од било кој друг и на кој начин.

Колку време трае услугата во The Laundry Room?

Ние се стремиме секоја нарачка да биде вратена за 24 часа, иако за некои од нарачките потребно е малку повеќе време. Можете да бидете сигурни дека Вашите работи ќе бидат вратени најдоцна до 48 часа.

Што се случува ако се оштети парче гардероба?

Доколку штетата нанесена е минорна и може да се корегира, притоа да може да се донесе парчето облека во првобитна состојба, ние како компанија ја превземаме целосната одговорност и трошок. Доколку штетата е од непоправлив карактер, тогаш ние како компанија ќе рефундираме 30% од продажната цена на артиклот доколку не е постар од 2 години. Доколку е постар од 2 години, во тој случај ќе рефундираме 15% од продажната цена на артиклот.

Што се случува ако ми се загуби некое парче гардероба?

Доколку се загуби некое парче облека, ние како компанија превземаме целосна одговорност и ќе Ви рефундираме 50% од продажната цена на истото парче.

Што се случува доколку направите нарачка за Pick Up или Delivery, а не сте на дадената локација во договоренето време?

Во тој случај ќе мора сами да ги донесете артиклите направени по нарачка или пак сами ќе треба да ги превземете од нашата продавница.

Што се случува доколку немате обезбеден паркинг пристап до Вашата локација за превземање и достава на Вашите алишта?

Во тој случај ќе морате Вие лично да се симнете и да ги предадете или превземете артиклите од пред самиот влез на Вашата куќа или зграда.

Јавете се денес

Контакт